Погребно еколошко возило што се движи на велосипед, нова иновација на улиците во Париз

Мртовечко возило кое се движи со помош на велосипед е забележано во Париз. Целта на ваквото возило е намалување на загадувањето, кое нуди и дискретна замена за традиционални погребни возила, објави интернет страницата „Париз сикрет“.

Иновацијата во облик на велосипедска погребна кола е на компанијата „Ле сијел ет ла тер“,  дизајн на компанија со седиште во Нант, Франција, која произведува мини-каравани.

Целта на возилот е да се предложи нешто поинакво, да се покаже дека покојникот сѐ уште е во средиштето на вниманието на погребот, но сѐ тоа да биде и посовремено претставено, изјавила Изабел Плумеро, претставничка на компанијата.

Според неа, превозот на ковчегот со велосипед нуди еколошки, потивок и почовечен пристап кон концептот на погребната поворка.

Возилото е долго 3,6 метри и се движи со електричен велосипед што го движи одзади. Ковчегот е поставен на платформа со тркала, има простор за цвеќиња и венци, како и хоризонтален рачен држач за придружбата до ковчегот.

Scroll to Top