Погребот на кралицата Елизабета ќе стане државен празник, а прогласени се и 17 дена на жалост

Чарлс Трети и формално беше прогласен за нов британски крал на денешната церемонија пред Пристапниот совет во палатата Сент Џејмс во Лондон.

Една од неговите први одредби е денот на погребот на неговата мајка, во иднина стане државен празник. Датумот на погребот треба дополнително да биде потврден, но, се очекува да биде на 19 септември во понеделник.

Период на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизабета Втора ќе трае од сега до седмиот ден по погребот, соопштија од Бакингемската палата.

 

Scroll to Top