Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19 септември

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19 септември во лондонската Вестминстерска опатија. Нејзиниот ковчег денес беше однесен од замокот Балморал во палатата Холирудхаус во Единбург.

Двесете километри попат ќе мине низ градовите Абердин, Данди и Перт, каде илјадници луѓе ќе можат за последен пат се простат од неа и да ѝ оддадат почит.

Утре ќе биде однесен до катедралата „Свети Гилс“, а ќе биде придружуван со поворка, кралот Чарлс Трети и членовите од кралското семејство.

Во вторник, принцезата Ана ќе го придружува ковчегот со нејзината мајка на летот за Лондон, а  оттаму ќе патува до Бакингемската палата. В среда, ќе биде однесен на јавна поворка низ центарот на Лондон, а потоа ќе биде положен за државна почит во Вестминстерската сала.
Таму ќе остане во наредните четири дена, се до 19 септември кога ќе се одржи погребот во Вестминстерската опатија.
За потсетување, Чарлс Трети вчера беше прогласен за крал на детална церемонија во Лондон, а принцовите Вилијам и Хари и нивните сопруги Кејт и Меган се сретнаа со бројниот народ во Виндзор кога неочекувано излегоа заедно.
Scroll to Top