„Политикин забавник“ денеска го слави својот 84. роденден

Списанието „Политикин забавник“ денеска го слави својот 84-ти роденден. Идејата за отворање на ова спсание е зачната во триесеттите години на минатиот век во кругот на новинари, поети, преведувачи и критичари, кои биле дел од весникот „Политика“.

„Забавник“ беше замислен како вистински весник за граѓаните, а неговите творци беа образовани луѓе и одлични познавачи на светското наследство. Двете основни цели на ова списание отсекогаш биле да се забавува и да едуцира.

Третина од содржината е стрип, а преостанатите две третини беа исполнети со текстови за наука, природа, историја, уметност, литература, музика, интересни настани напишани за најшироката читателска публика.

Од првиот број, кој излезе на 28 февруари 1939 година, генерации луѓе во поранешна Југолсавија израснаа со „Забавник“. Слоганот на списанието е „За сите од 7 до 107“.

Scroll to Top