Полицијата го уапси момчето на Ноа Миливојев, откако им го покажа распарчено телото на осумнаесетгодишната тиктокерка

Полицијата го уапси момчето на Ноа Миливојев од Ковиља, откако им го покажа распарчено тело на осумнаесетгодишната тиктокерка. Нејзиното тело е пронајдено распарчено во Белград, а осомничениот за нејзиното убиство е уапсен. Семејството пријавила дека Ноа исчезнала на 17 јуни.

Пред тоа Ноа ѝ кажала на мајка си дека ќе оди да се види со момчето.

Порталот Нова.рс неофицијално дознава дека осомничениот ја донел полицијата на местото на злосторството, а потоа во полиција го принзал делото. Пријавено е и дека делови од нејзиното тело биле пронајдени во ќеси и канти.

„Злосторството се случило во зградата во која живее осомничениот“, рече извор во истрагата.

Ноа во јавноста беше позната како трансродова личност и беше популарна на Тик ток. Поради тоа често била мета на негативни коментари. Пријателите синоќа се простија од неа на плоштадот Република.

Меѓу оние кои дојдоа да ѝ оддадат почит беше и нејзин близок пријател со кого и живеела заедно. Во интервју за „Блиц“  рече дека со дечко ѝ биле заедно околу една година. Рече дека ја избркал од станот и ја тепал со патерици.

„Тој тип имаше психички проблеми“, рече изворот за „Блиц“. Рече и дека родителите на Ноа знаеле за врската и не ја поддржувале.

„Им го покажа момчето, но бидејќи беше многу постар од неа, не го сакаа“, рече изворот.

Рече и дека двајцата често се расправале, но и дека таа имала многу лични проблеми кои поради него ги запоставила.

„Постојано се расправаа, но таа го трпеше и ги остави проблемите на страна. Ноа беше прекрасна девојка“, нејзиниот пријател.

Scroll to Top