Популарна полска навивачка предвидува финале за Франција на Мундијалот во Катар

Марта Барчок, најпопуларната навивачка во Полска, која беше наречена „Мис на Светското првенство“, откри дека нема да присуствува на овогодинешното Светско првенство во Катар поради правилата во оваа земја.

Барчок присуствувала на различни турнири во минатото, вклучително и Евро 2016, 2020 и Светското првенство 2018 година.

„Решив да не одам во Катар, каде што не се почитуваат човековите права, луѓето имаат толку многу заедничко со фудбалот колку што имам јас со вселенскиот брод, само парите се важни“, рече таа.

Марта изјавила дека смета дека Англија ќе заврши меѓу четирите најдобри и ја откри својата омилена ѕвезда на оваа репрезентација.

„Мислам дека Англија ќе биде меѓу првите четири, тие имаат навистина одличен тим и секако Хари Кејн, кој според мене е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, рече таа.

Манекенката предвиде дека во финалето ќе игра и Франција и ја сподели надежта дека Полска ќе стигне до полуфиналето.

Scroll to Top