Поради промашена временска прогноза го одложија огнометот за празникот во Унгарија

Поради промашена временска прогноза, во Унгарија бил одложен огнометот за празникот и Денот на Свети Стефан. Двајцата официјални челници во метеоролошката служба биле отпуштени, пренесе „Радио Слободна Европа“.

Шефицата на метеоролошката служба Корнелија Радиќ и нејзиниот заменик Џул Хорват се отпуштени поради предупредувањето за екстремни временски неприлики, по што бил одложен огнометот за прославата на државниот празник.

Владата поради предупредувањето на метеоролошките служби, неколку часа пред почетокот на прославата ги откажа огнометот. Министерот за технологија и индустрија, Ласло Палковиќ ја објави смената по острите критики кон метеоролошката служба во провладините медиуми.

Од Метеоролошката служба денес побарале Радиќ и Хорват да бидат вратени на работа, затоа што владата ја игнорирала научно прифатената несигурност својствена за метеоролошките прогнози.

На Денот на Свети Стефан во 2006 година, за време на силната бура и ударите на ветерот кои се движел со брзина од 100 километри на час, загинале пет, а биле повредени повеќе од 300 луѓе. Тогаш на бреговите на Дунав се гледал огнометот по повод прославата, каде се собраа 1,5 милиони луѓе.

 

Scroll to Top