Поранешната фудбалска ѕвезда на Реал Мадрид осуден за силување

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Робињо, e осуден на деветгодишна казна затвор за силување. Заради инцидентот кој се случил во 2013 година, Италија побарала од Бразил да ѝ биде испорачан затоа што таму не ја отслужил казната.

Девојката која била од Албанија, Робињо ја запознал во ноќен клуб во Милано во 2013 година. Заедно со уште пет пријатели прво ја понудиле со пијалок, а потоа откако се онесвестила ја однеле на друга локација каде имале сексуални односи со неа.

Поранешниот играч на Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан призна дека имал сексуални односи со неа, но тврди дека не ја силувал. Последната можност за жалба на судот ја изгуби во јануари. Во Бразил не ја отслужил казната, па Италијаните бараат да биде испорачан.

Неодамна беше виден на плажа во Бразил како игра фудбал. Се јави и јавно да го поддржи Жаиро Болсонаро на изборите, но наскоро се очекува да биде префрлен во Италија каде ќе биде затворен, откако му беше одбиена молбата затворската казна да ја издржи во Бразил.

 

Scroll to Top