Сана Марин во мини сукња и проѕирен фустан се журка на фестивал во Хелсинки, два месеци откако се разведе

Проѕирен фустан, кратки здолништа, високи потепници е новиот стајлинг на поранешната премиерка на Финска, Сана Марин, откако се разведе и ја напушти државната функција.

Премиерката новиот стајлинг го покажа на фестивалот „Флоу“. Станува збор за тридневен фестивал кој се одржува во Хелсинки.

Сана на Инстаграм сподели неколку фотографии од деновите поминати на фестивалот.

Поранешната финска премиерка пред повеќе од два месеци објави дека по три години брак, а вкупо 19 години заедно, се разведува од сопругот Маркус Раиконен.

Марин официјално се повлече од функцијата премиерка на Финска кога Петери Орпо од Националната коалициона партија ја презеде функцијата. Иако беше носителка на листата, Марин и нејзината партија го зазедоа третото место на изборите.

Во Финска, таа се соочи со критики поради објавените видеа од нејзините приватни забави кои протекоа на интернет.

Scroll to Top