Порноѕвездата Џена Џејмисон повторно почна да оди откако шест месеци беше парализирана

Поранешната порноѕвезда Џена Џејмисон повторно почна да оди откако шест месеци беше парализирана. Таа ги направи првите чекори од своето опоравување од мистериозната болест поради која ја изгуби способноста да се движи.

Лекарите прво и дијагностицираа Гилен-Баре синдром во јануари, но по серија тестови го отфрлиле ова нарушување. Во февруари беше отпуштена од болница по помалку од два месеци. Сега објави видео како оди без ничија помош и на обожавателите им покажа колку напредувала.

„Сакам да ви покажам дека можам да одам без ничија помош. Мислам дека не се движам совршено, но барем сум на нозе“, рече Џена.

Пред неколку месеции им објави на обожавателите дека болеста не ја оставила парализирана и дека може да направи чекори со помош на патерици.

Таа објасни дека проблемот бил во нејзиниот лев феморален нерв, кој се протегал од кукот до местото над коленото и дека истиот ги контролира околните мускули.

„Сега се чувствувам многу подобро. Полека, но сигурно ја враќам силата. Ова не беше само физички напор, туку и повеќе од тоа. Голем ментален предизвик“, рече Џена.

 

 
Scroll to Top