Посетата на римскиот Пентеон ќе се наплаќа, влезница ќе чини 5 евра

Туристите кои сакаат да го посетат римскиот Пантеон, отсега ќе мора да платат за тоа.  Од понеделник ќе треба да платат влез од пет евра, соопшти италијанското Министерство за туризам.

Сега црквата, огромниот цилиндричен поранешен храм, чиј недопрен надворешен ѕид поддржува купола висока 43,3 метри, секоја година привлекува милиони посетители, што ја прави една од главните туристички атракции во Италија.

Долго одложуваното воведување на влезници е дел од напорите да се извлече поголем профит од културните добра на Италија. Од ова, Министерството за туризам ќе добие 70 отсто од приходот за покривање на чистење и одржување, а остатокот ќе го добие Римската епархија. За време на верските обреди, влезот за верниците ќе биде бесплатен.

Грижата за уметноста и архитектурата долго време е предизвик за земја која е одговорна за повеќе места на светското наследство на УНЕСКО од која било друга и има долгогодишни проблеми со бирократијата и ниското јавно финансирање.

Scroll to Top