Поставен е автомат за свежо млеко во Нови Сад

Граѓаните на Нови Сад добија млекомат од каде може да наточат свежо козјо или кравјо млеко. Млекоматот работи 24 часа, а млекото е донесено од фарма на Фрушка Гора.

Кравјото млеко е по цена од 1,30 евра, а козјото млеко по цена од 1,70 евра. Пред да се консумира млекото мора да се свари бидејќи не е преработено, туку е органско.

На самиот млекомат може да се купи и шише доколку граѓаните не понеле со себе, но начинот на употреба е нагласен во упатството . Препорачливо е да се купи соодветното шише кое чини 10 денари, бидејќи доколку понесете свое, може да не е соодветно на апаратот.

Граѓаните сметаат дека покрај тоа што ќе добијат свежо млеко, млекоматот ќе им помогне на фармерите да добијат реална цена за својот производ.

 

Scroll to Top