Поубав сум од него, рече Роналдо по критиките од својот бивши колега и пријател Вејн Руни

By

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во најновото интевју кое го направи со Пирс Морган, зборуваше за неговата улога во Манчестер Јунајтед, а го спомена и неговиот поранешен колега и пријател Вејн Руни.

dobivaj vesti na viber

Португалецот тешко се носи со ситуацијата во која во моментов се наоѓа, а откако изрази желба да го напушти Манчестер Јунајтед, ниту еден од големите евроски клубови не се заинтересира за него, па затоа и остана во Англија.

Оттогаш е во лоша комуникација со стручниот штаб и не го крие незадоволството, а сега даде и интервју во кое зборуваше за своите маки. Меѓу останатото, рече дека нема никаква почит кон Ерик Тен Хаг, новиот менаџер на клубот, а ниту пак Холанѓанинот имал почитување кон него.

Сепак најмногу го погодија коментарите и критиките од неговиот поранешен пријател и колега Вејн Руни, со кого едно време играа заедно. Руни неодамна рече дека однесувањето на Роналдо е неприфатливо и го обвини дека само го одвлекува вниманието на Манчестер, на што Роналдо му врати:

„Не знам зошто така ме критикува. Веројатно затоа што ја заврши кариерата, а јас и понатаму играм на врвно ниво“, рече Роналдо во разговорот со Морган.

„Нема да кажам дека сум поубав од него. Што е и вистина“, додаде Португалецот.

Ова не е првпат Руни да го коментира Кристијано Роналдо, а летото го прозва неговиот поранешен клуб да им дозволи на некои од фудбалерите ако изразат желба да си заминат.

„Тоа што е побуав од Руни, не е нешто голема работа. Мојот пријател кој има 80 години е поубав од Руни. Роналдо баш и не знае да истрпи критика. Колку незрела реакција. Руни е подобар фудбалер и Роналдо нема никогаш да го достинге“, биле само некои од коментарите на фановите.

 

Ќе ви се допадне