Повторно ќе се произведува автомобилот „москвич“

Aвтомобилските марки Волга и Москвич можно е повторно да почнат да се произведуваат, ова го рече рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров. Тој во изјава откри дека е е тајна, дека Москвич повторно се произведува.

Поранешната фабрика на францускиот производител на автомобил Рено во Москва, Рено Русија , официјално беше преименувана во Москвич.

Планирано е компанијата во иднина да започне со производство на електрични автомобили под истото име.

Од Министерството за индустрија и трговија напоменаа и дека фабриката има намера да соработува со странски брендови, а годинава ќе почне пуштањето на нови артикли.

Scroll to Top