Популарната тиктокерка и инфлуенсерка Динела Мусиновиќ, која ја следат повеќе од 30.000 луѓе, јавно се откажа од родителите. На Тик ток јавно ја раскажа нејзината приказна и рече дека со години трпела психичко малтретирање и дека повеќе не сака да има контакт со нив.
„Ова ми се случува кога сум во контакт со моето семејство. Или татко или мајка, во овој случај татко. Моето тело физички не може да поднесе контакт со нив. Тоа е реакција на целото ова малтретирање и неправда. Следниот пат кога ќе си кажете дека не можете со родителите да прекинете контакт, да знаете и дека како можете, затоа што вашето здравје секогаш е на прво место“, рече Динела и додаде дека од неодамна зажалила што го одблокирала татко ѝ на социјалните мрежи.
„Го одблокирав затоа што срцето ми ослабе. Ми падна жал, но ете сега залажив што го сторив тоа. Од преголем стрес и манипулации ќе заминам од овој свет пред нив“, додаде таа.