Американската планинарка Хилари Нелсон исчезна на планинскиот врв Манаслу во Непал. Таа заедно со нејзиниот партнер Џим Морисон вчера го искачиле осмиот највисок врв на светот, а несреќата се случила откако со скии се спуштала и паднала во 600 метри длабока пукнатина во мразот.
Истиот ден во лавина загинало едно лице, а десетина биле повредени.
Нелсон загинала само 15 минути откако го искачила врвот, додека нејзиниот партнер Морисон успеал безбедно да се врати во кампот, изјавиле очевидци.
Официјални лица кажале дека не биле во можност да организираат потрага поради лошо време.
Нелсон и Морисон важат за едни од најуспешните алпинисти и планински скијачи на светот, кои скијале од некои од највисоките и најопасни врвови. Во 2018 Нелсон стана првата личност која се спуштила на скии од Лотсе, четвртиот највисок врв на светот. Таа исто така беше првата жена која во период од 24 часа ги искачила и Монт Еверест и Лотсе.