Познатата стоковна куќа „Хародс“ светна во божиќни украси од колекцијата на „Диор“

Брендот „Диор“ ја претвори стоковната куќа „Хародс“ во Лондон во најгламурозната божиќна куќа. Наречена „Чудесниот свет на Диор“, надворешноста на стоковната куќа има украси од колекцијата на „Диор“ за 2023 година.

Божиќната бајка на „Диор“ опфаќа дури 44 излози на „Хародс“, на кои се прикажани најубавите дизајни со потпис на култната модна куќа, обвиткани во празнична тема, а секој прозорец ја надминува убавината на другиот, со светлосни инсталации во форма на ѕвезди, рози и други симболи на „Диор“.

Уметникот Пјетро Руфо е креаторот на веќе создадените парчиња заедно со креативната директорка на стоковната куќа, Марија Грација Чиури, и е замислен како ледено божиќно колаче.

„Хародс“ нуди изложба на некои од најубавите креации, а посетителите може да уживаат и во кафе и бисквити во луксузното кафуле „Диор“ и да ги посетат бутиците кои нудат празнични изданија на најпродаваните хитови на „Диор“.

Божиќната бајка на „Диор“ ќе биде отворено na 3 јануари 2023 година.

Scroll to Top