Познати десетте финалисти на Евросонг

Вечерва во Ливерпул, се одржа второто полуфинале на изборот за песна на „Евровизија“. Од 16 земји кои настапија, во финалето влегоа дессет Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија.

Финалето на годинашната Евровоизија е закажано за 13 мај в сабота, а по првата полуфинална вечер, пласман во него обезбедија Србија, Изразил, Хрватска, Швајцарија, Молдавија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска и Норвешка.

Загарантиран пласман во финалето веќе имаат Украина, Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија.

За потсетување под мотото „Обединети од музика“, во Англија се одржува 67. издание на Евровизија, кое ги спои културите на Украина и Ливерпул, родното место на „Битлси“, објавија организаторите.

Поради војната, Украина како актуелен победник не беше во можност да биде организатор, па место неа, домаќин е Велика Британија, односно Ливерпул. Македонија не учествува за првпат, откако и Бугарија и Црна Гора се откажаа поради преголемите трошоци.

Scroll to Top