Познатите од цел регион со потресни објави за убиството во Србија: ова е трагедија за сите нас, во каков свет живееме 

Трагедијата која се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија го потресе Балканот. Тринаесетгодишно момче пукало во своите сооученици и наставници. Тој убил 9 луѓе, 8 негови соученици  и еден чувар. А две деца и еден наставничка се повредени.

Според офиијалните информации на надлежните од Србија, момчето Коста Крецмановиќ го планирал нападот околу еден месец, при што на прес конференција официјални лица ја покажаа скицата за тоа како го планирал влезот во училиштето, но и список со имиња на соученици во кои требало да пука.

Регионот го потресе ваквата ситуација, за која на социјалните медиуми се коментира дека ова може да се замисли дека се случува само во Америка, но не и тука кај нас на Балканот.

Познатите пејачи, актери, глумци на социјалните мрежи искажаа сочувство до семејствата на настраданите.

„Господе Боже. Каква трагедија. Моето искрено сочувство на сите семејства кои денес го изгубиле нивното дете, член на семејството, пријател. Стоп за насилство и забранете им на малолетните деца насилни содржини на телевизија и секаде. Тага“, напиша Анастасија Ражнатовиќ.


„Трагедија која не може да се опише. Црн ден. Сочувство до семејствата на починатите. Господ да им даде сила да ги издржат тешките денови. И за мене денес е многу тажен ден, почина мојот дедо Зоран. Патувај со ангелите и душата нека ти најде мир“, напиша српската пејачка Милица Тодоровиќ.

„Длабоко сочувство до семејствата на настраданиот чувар на училиштето. Длабоко сочувство до родителите на настраданите деца. Ова е трагедија за сите нас“, напиша актерот Андрија Милошевиќ

„Мое сочувство до сите семејства на настраданите. За жал, и јас познавам некои. Се молам за нив. Ужас и морници ми минуваат затоа што и моето дете сега ќе беше ова училиште, ако не одлучевме поинаку. Благодарна сум на тоа“, напиша водителката Николина Пишек.

Сочувство и од македонските познати личности. Некои на своите инстаграм сториња поставија црна позадина со црно срце, некои пак напишаа неколку зборови за трагедијата.

„Сите сме криви“, напиша македонската актерка Јелена Јованова.

„Србија, многу страшно. Шокирачки. Претрауматично и крајно алармирачки во каков свет живееме. Еве не е само во Америка, туку тука е на само 400km од нас, а може да се случи и кај нас. Мора да се работи на психичката состојба на децата, да не се толерираат никакви отстапки, а не пак силувања и разно разни форми на булинг. Мора да се најде начин! Мора! Не сум паметна како, само сум многу иссплашена. Сочувство до семејствата“, напиша инфлуенсерката Миа Костова.


„Србија“, напиша Каролина Гочева.

 

Scroll to Top