Пред концертот во Скопје „Џипси Балкан Оркестра“: Македонските песни се дел од нашиот репертоар, научивме многу од оваа земја

Концертот во рамки на одбележувањето на 10 -годишниот јубилеј на бендот „Барселона Џипси Балкан Оркестра“ е закажан за во недела, 11 -ти декември во Филхармонија со почеток во 20 часот.

„Навистина се радувам што доаѓаме во Скопје, Македонија – земјата која ни даде толку многу музички. Македонските песни се дел од нашиот репертоар, а не е мал и бројот на македонски фанови со кои редовно комуницираме на социјалните мрежи“, вели Иван Ковачевиќ, единствениот член на составот кој потекнува од Србија.

Концертот во Скопје им е прво доаѓање во земјава, а репертоарот ќе имаат и неколку македонски теми. Освен безвременската „Море сокол пие“, по која и ги запознавме, Маргерита ги пее и „Македонско девојче“, „Јовано, Јованке“, потоа песни од кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска. А за концертот во Скопје најавија и изненадување.

Дел од оваа меѓународна формација се Маргерита Абита од Сицилија (вокал), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

„Барселона Џипси Балкан Оркестра“  во Скопје доаѓаат во недела, а ден претходно ќе се случи нивниот концерт во Бугарија. На почетокот од следната година, ги очекуваат концертите низ Шведска, Израел.

Scroll to Top