Пред Пеле фудбалот беше само спорт, а 10 само број, познатите спортисти се простија од Бразилецот

лем број фудбалски ѕвезди преку социјалните мрежи се простија од легендарниот бразилски фудбалер Пеле. Меси напиша кратко само да почива во мир, а Нејмар со емотивен статус рече дека пред него десетката била само број и дека фудбалот бил само спорт.

„Пеле промени сè. Го претвори фудбалот во уметност, во забава. Им даде глас на сиромашните, на црномурестите и особено го стави Бразил на мапата. Фудбалот и Бразил го подигнаа својот статус благодарејќи на Кралот. Не напушти, но неговата магија ќе остане. Пеле е вечен“, рече Нејмар

Кристијано Роналдо испрати сочувство до семејството и цел Бразил.

„Длабоко сочувство до цел Бразил, особено до семејството на Едсон Арантес до Насименто. Искрено збогум до вечниот Крал Пеле, кое никогаш нема да биде доволно за да се изрази болката која сите миленици на фудбалот ја чувствуваат. Беше инспирација за милиони, референца во минатото, сегашноста и иднината. Никогаш нема да биде заборавен, неговата меморија ќе живее вечно во срцето на секој фудбалски фан. Почивај во мир Кралу Пеле“, рече Роналдо.

„Кралот на фудбалот не напушти, но неговото наследство никогаш нема да биде заборавено. Почивај во мир Кралу“, рече Французинот Килијан М’бапе.

Oд Пеле се прости уште еден легендарен Бразилец, Роналдо Назарио де Лима.

„Каде што пристигна Пеле, таму остана. Никогаш не го напушти врвот. Беше крал на фудбалот, еден и еденствен. Најголемиот на сите времиња. Беше привилегија да те следам пријателе. Твојот талент е школа низ која треба да помине секој играч. Твоето наследство ќе надмине генерации. И така ќе живееш. Денес и секогаш ќе те славиме. Ти благодарам, Пеле. Почивај во мир“, рече Роналдо.

За потсетување, Пеле почина на 82 години откако ја изгуби битката со ракот на дебелото црево. Во негова чест џиновската статуа на Исус над Рио де Жанеиро е осветлена во зелено и жолто, боите на националното знаме.

.

Scroll to Top