Преку ластик, плочка и скокање на јаже „Фестивалот на стари игри“ ги враќа децата на улица

„Фестивал на стари игри“ во организација и реализација на Асоцијацијата Детски свет ќе се одржи на 27-ми Мај во Музеј на Македонија

„На отворениот простор околу музејот ќе се случи презентација на повеќе традиционални друштвени игри: ластик, плочка, скокање јаже, народна, хулахоп, летање змеј и многу други игри од нашиот регион – кои претставуваат и културно наследство на нашата држава. Учество ќе земат ученици од повеќе основни училишта ширум државата“, велат организаторите.

Целта на овој фестивал е интерактивно учество на децата и младите преку спортски, друштвени и борд игри, запознавајќи се меѓусебно и преставувајќи ги традициите од реоните од кои доаѓаат. Настанот е предвиден да се оддржи на отворено пред Националната Установа Музеј на Македонија и дворот на Куршумли Ан со цел да привлече внимание на јавноста и што поголема посветеност.

Влезот ќе биде слободен а на посетителите ќе им биде овозможен и бесплатен влез во музејот. Настанот ќе биде проселден со неколку музички настани со различен жанр на музика презентирајќи не само традиционални песни и ора туку и нивни современи обработки на актуелни Македонски композитори.

 

Scroll to Top