Премиера на балетот „Пепелашка“ во Опера и балет

На 19 ноември со почеток во 19.00 часот за првпат на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе современиот балет „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти.

Приказната за „Пепелашка“, преточена во музиката на рускиот композитор Сергеј Прокофјев, е во кореографија на Александар Илиќ од Србија.

Улогата на Пепелашка ја игра Христина Наќевска, во улогата на принц ќе игра Мирослав Митрашиновиќ, самовилата ангел е Саша Евтимова, маќеата е Марија Јосифовска Ристовска, а сeстрите се Ендру Кук од Англија и Кристијан Јангос, таткото ги глуми Драган Кочоски, а мала Пепелашка е Гала Кочевска.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Scroll to Top