Претепан млад кошаркар на Работнички затоа што постигнал 40 кошеви

Kошаркар на скопскиот клуб ФМП до 16 години не можел да го поднесе поразот од Работнички, па го истепал најдобриот стрелец на клубот кој постигнал 40 коша пред реваншот во саботата. Неофицијално дознаваме дека момчето насилник не бил придружуван од другар, туку бил со однапред договорена група која му помогнала во тепачката.

„На 28 мај, во 17:30 часот Л.М. (47) од Кочани пријавил дека претходниот ден на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници“, пишува во билтенот на МВР и велат дека се работи на расчистување на случајот. Од КК Работнички е поднесена жалба и бараат казна за играчот што предизвикал физички напад.

Според кажувањата, Работнички и ФМП играле плејоф мечеви во У-16, а на Г.М. му тргнало па дал 40 поени. Тоа го изнервирало еден кошаркар на ФМП и решило лично да се пресмета со него, велат во кошаркарските кругови и додаваат дека во петокот му се јавил по телефон и му рекол дека треба да се видат. Требало да се сретнат пред средното фискултурно училиште во Скопје, каде Г.М. учел .Откако се сретнале, насилникот од ФМП, ученик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, почнал да му се заканува на кошаркарот на Работнички и потоа физички го нападнал. Во тепањето на Г.М. му се придружиле и другарите, а потоа избегале. Претепаниот играч на Работнички, по инцидентот се јавил телефонски во својот клуб и ги известил надлежните за тоа што се случило.

Од Кошаркарската федерација на Македонија пак велат дека на средбата немало ништо и дека сè што се случува надвор од теренот е во надлежност на МВР.

 

Scroll to Top