Преживеал еден месец во Амазонската прашума јадејќи само црви и инсекти

Боливиец преживеал месец дена во Амазонската прашума јадејќи само црви и инсекти. Триесетгодишниот Џонатан Акоста се изгубил кога се одвоил од другарите кои биле во лов. Раскажа дека пиел од дождот кој го собирал во чевел и јадел црви и други инсекти, а целото време морал да се крие.

Вели дека му било страв од разни диви животни. Бил најден по месец дена. Неговите другари и локалните жители се организирале во групи и тргнале да го бараат.

„Ова е неверојатно, не можам да верувам дека ме бараа толку долго. Јадев црви и инсекти, не можете да верувате што се правев за да преживеам. Фала му на господ што ми подари нов живот“, им рече на новинарите.

Неговото семејство рече дека полицијата уште истражува како се изгубил и како успеал толку долго да остане жив. Не сакаа да го оптеретуваат премногу, затоа што има трауми од тоа што го доживеал.

За месец дена изгубил 17 килограми и го повредил зглобот. Во моментите кога го нашле имал проблеми со движењето, пренесе „Би-би-си“. 

„Брат ми рече дека четвртиот ден кога го повредил зглобот се загрижил. Имал само еден куршум во пушката и не можел да оди. Мислел дека никој од нас нема да го бара“, рече неговиот помлад брад Хорацио и додаде како Џонатан му раскажал дека имал средба со диви животни, меѓу кои и јагуар.

„За време на потрагата еден локалец дојде кај мене и ми рече дека го најдовме. Не можев да поверувам. Ова е вистинско чудо“, додаде Хорацио.

По авантурата, Џонатан рече дека повеќе никогаш нема да се занимава со лов.

„Тоа е ветување кое му го дадов на Господ и мислам дека ќе го одржи ветувањето“, рече Хорацио.

Во меѓувреме полицијата соопшти дека ќе ги испраша и неговите пријатели за да утврди како се изгубил.

 

Scroll to Top