Принцезата Шарлин од Монако ја прекрши традицијата на приемот кај папата

Принцезата Шарлин од Монако ја прекрши традицијата на пристојно облекување за прием кај папата, кога на приватната аудиенција дојде во црн фустан кој откри дел од нејзините раменици, пишуваат медиумите. Таа го посети папата Франциск во Ватикан во друштво на нејзиниот сопруг, принцот Алберт.

Медиумите велат дека горниот дел и ракавите на нејзиниот фустан се изработени од проѕирен материјал, што исто така не е според правилата. Фустанот на принцезата со средна должина е прицврстен на половината, а долниот дел се издигнува во здолниште во А линија. Принцезата Шарлин носеше и црн превез и бројаница со златен крст и крем чевли со високи потпетици.

Вообичаениот протокол налага жените да доаѓаат пред папата во скромни, црни фустани, со покриени раменици, особено ако приемот е во затворен простор. Велот во минатото беше задолжителен дел од протоколот, но со текот на годините ова правило се смени, па сега дамите може само да изберат дали ќе носат вел или не.

Во кодот на облекување постои исклучок, такакнаречената „привилегија на бело“ според која католичките кралици и принцези можат да носат бело на прием, канонизации, беатификација и специјални миси кај папата.

 

Scroll to Top