Продажба на бубрег за „ајфон 14“, клиника за убавина користи маркетинг-трик, кој ја вознемири јавноста

Клиниката за убавина и разубавување во Лаос, Dr. Nith Beauty Center, објавила фотографија од тројца луѓе кои во рацете држат нови телефони „ајфон 14“, а од десната страна имаат фластери на кои се гледа крв.

Алузијата на вадењето бубрези за да добиете пари за купување „ајфон 14“ и фотографија што ја вознемири јавноста.

Фотографијата е намерно монтирана и искористена како маркетинг-трик, т.е. само за да привлече внимание на клиниката што се рекламира.

Фотографијата на Тајланд ја виделе најмногу луѓе, а се проширила во целиот свет.

Трговијата со органи е забранета, а самата идеја вознемирувачка и лоша, па не е ниту јасно како воопшто властите не реагирале за да спречат нејзиното ширење.

Клиниката што ја направила фотографијата смета дека не направила ништо лошо и тврди дека не заговараат продажба на бубрези за пари ниту, пак, вадење бубрег за купување телефон.

Фотографијата ја осуди и Црвениот крст, кој потсети на тоа дека таа испраќа непристојна порака, која би можела да ги инспирира луѓето да преземат драстични мерки за да го добијат посакуваното парче технологија, особено во општествата што не се богати, како што се Тајланд и Лаос.

Во споменатите земји „ајфон“ е статусен симбол затоа што чини драстично повеќе отколку во другите делови од светот, над 1.500 фунти му е почетната цена, а просечната плата кај нив е околу 350 фунти.

Scroll to Top