Пејачката Кристина Арнаудова и основач на здружението „Проект среќа“ по осми пат во пресрет на почетокот на школската година ќе го реализира проектот „Среќна Школска Година 2023“.
„Огромен број на деца во нашата земја неможат да си дозволат училишна опрема, ранец, прибори. Ние сме овде да го направиме првиот училишен ден среќен ден за секое дете. Образованието за нас како здружение, за децата во социјален ризик, е еден од приоритетите. Секое дете треба да има еднаков пристап кон материјали за учење. Ниедно дете не смее да оди засрамено на првиот училишен ден. Ова се начините за донација, а се донира на неколку начини како и секоја година. Донациите кои сакате да ги донесете во нашите канцеларии, можете на 23 и 24 август, од 10 до 16ч , на ул. „Мирче Оровчанец“, бр 17“, информираше Аранудова.
Донираните средстава ќе бидат распределени низ цела земја со акцент на руралните средини каде најтешко стигаат донации.