Промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски

Во понеделник, 15.12.2025, со почеток во 20 часот, во новиот ЛАБОРАТОРИУМЛабораториум (12 Македонска Ударна Бригада бр. 2а, на паркингот позади старата Градска болница – некогашен Јукан), ќе се одржи промоција на поетската книга „Ситна боранија“, од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш.

Авторот, воедно, прославува и двоен јубилеј: триесет години творештво и дваесетта книга поезија.

Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Текстот Промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top