Пронајден е скелет од дете погребано пред повеќе од 6500 години во Хрватска

Археолозите на Градскиот музеј Винковци пронашле праисториски останки на дете на возраст од три до шест години кое починало пред приближно 6500 до 7000 години, во времето на помладото камено време и културата на Сопот, на местото на Жаблаќе, помеѓу Винковци и Иванкови.

„Иако на подрачјето на Винковци имаме повеќе од педесет населби од сопотската култура, од кои некои се поголеми од 30 хектари, ова е само петти потврден починат од тој период“, велат од Градскиот музеј Винковци.

Потсетуваат дека во 2014 година при археолошки истражувања пронашле три скелети и дека ова е четврти од истиот локалитет. Станува збор за локалитетот каде во 2014 година за прв пат се документирани остатоците од културата на Сопот, а во моментов траат истражните работи на јужниот раб на населбата.

Scroll to Top