Прва фотографија од бебе пингвин објави скопската зоолошка

Од скопската Зоолошка градина објавија прва фотографија од бебе пингвин, прво младенче од овој вид.

„Утре, на 25 април го прославуваме Светскиот ден на пингвините- ден за покревање на свеста за овој вид птици и нивна заштита. По тој повод, утре (вторник), во 11 часот ве очекуваме пред Заливот на пингвините на едукативен и интерактивен час на отворено, каде што секој посетител ќе може да научи нешто ново за овие птици и ќе биде одлична можност одблиску да ги запознаете пингвините од Скопје ЗОО и четирите бебиња, нивните карактеристики, но и меѓусебните односи и социјализација во групата“, велат од Зоо Скопје.

Во јануари во ЗОО Скопје се родија четири бебиња пингвини од два пара родители.

Scroll to Top