Прва летна кинонедела во Музејот на современата уметност

Кино Музеј на современа уметност ја започнува својата летна филмска програма. Од 21 до 24 јуни љубителите на филмот ќе може да уживаат во четири филмски остварувања. Сите проекции се бесплатни и започнуваат од 20 часот, на отворено – на тремот на Музејот на современа уметност.

Киното ќе се отвори вечера со проекцијата на данскиот филм „Кралицата на дански дизајн“ со почеток во 20 часот.

Капацитетот на киното е 60 седишта и не потребно дополнително регистрирање за влез на настанот.

На репортоарот во останатите денови ќе бидат прикажани филмовите „Американска модерна уметност, тајно оружје во студената војна“, „Марија Исола“ и „Грејс Џоунс: Лајт шоу и леб“.

Scroll to Top