Први фотографии од Илон Маск со близнаците

Поранешниот новинар Волтер Ајзаксон ги објави првите фотографии од Илон Маск со близнаците покрај нивната мајка Шивон Зилис, која е извршна директорка на неговиот старт-ап за вештачка интелигенција Neuralink. Ајзаксон е авторот на претстојната биографија на Маск.

Книгата ќе се најде во продажба на 12-ти септември, а Маск го поканил дома за да разговараат и да ги види децата минатиот март.

„Ми рече да ги оставиме телефоните во куќата додека седиме надвор бидејќи некој би можел да ги користи за следење на нашите разговори“, рече Ајзаксон.

„Седевме на терасата во предградието покрај базенот со двајцата синооки близнаци кои учеа да одат, додека Маск мрачно шпекулираше за можноста за изградба на одржлива човечка колонија на Марс пред апокалипсата да ја уништи цивилизацијата на Земјата“, рече Ајзаксон.

За потсетување Маск со Зилис ги добија близнаците во ноември 2021 година. Нивните имиња никогаш не беа објавени, а наводно биле зачнати со вештачко оплодување и се родени само неколку недели пред Маск да го дочека своето второ дете со канадската поп ѕвезда Грајмс.

Зилис им кажала на колегите дека таа и Маск никогаш немале сексуални односи или биле во љубовна врска на било кој начин, објави „Ројтерс.

Маск има уште пет деца со првата сопруга, канадската писателка Џастин Вилсон. Го загуби своето прво дете во 2002 година, кога починало во десеттата недела од синдромот на ненадејна смрт на доенчиња.

Scroll to Top