Првите жители на Месечината ќе се населат во 2025 година, денеска почнува мисијата „Артемида 1“

Последен пат луѓето стапнале на Месечината пред 50 години, а наскоро би требало повторно да го направат тоа. Засега мисијата „Артемис 1“ е во тек – без екипаж. Тоа треба да биде првиот чекор во изградбата на населба на Месечината.

Од 2030 година треба да започне долгорочно населување, не само на Месечината, туку можеби и на Марс. Спроведувањето на тој план започнува денеска (29.8), со првиот пробен лет. „Артемис 1“ ќе биде лет без екипаж, но тоа е само првиот чекор во мисијата што има за цел да спушти луѓе на Месечината за прв пат по Аполо 17 во 1972 година. Населувањето на Месечината игра важна улога во истражувањето на Марс, бидејќи астронаутите сакаат да ја искористат површината на Месечината како попатна станица на долгото патување до Црвената планета.

Според партнерите на „Артемис“, американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА, програмата „Артемис“ ќе покаже што се сменило во последните педесет години во истражувањето на вселената.

Амбициите станаа поголеми и техниката се разви понатаму. Програмата „Артемис“ предвидува испраќање луѓе на Месечината во 2025 година, како и изградба на потрајна населба преку понатамошни патувања во наредните години.

„Првично луѓето ќе бидат на Месечината само една недела, а во следните мисии Артемис треба да останат таму месец или два, додека конечно не се воспостават постојани населби“, објаснува Јирген Шлуц, вселенски инженер од ЕСА. Како дел од оваа програма, жени и луѓе од сите бои на кожа за прв пат ќе одат на Месечината.

Scroll to Top