ПСЖ ја откажа прославата на титулата во чест на својот голман кој се бори за живот

ПСЖ и сезонава ја освои титулата во Франција, Лига 1, но за разлика од минатите години, овојпат нема да има организирана прослава. Тие ја откажаа во чест на својот голман Серхио Рико кој по пад од коњ, сè уште се бори за живот.

„Нема да има славење. Зад нас е тешка недела, сите сме потресени по она што му се случи на Рико. Сакаме да му ја испратиме целата позитивна енергија и до неговата сопруга, мајка и сите што го сакаат“, рече тренерот на ПСЖ, Криштоф Галтие.

Тимот од Париз утре во рамките на последното коло се среќава со Клермонт на “Паркот на принцовите“.

Scroll to Top