„Птицата е ослободена“ првиот твит на Илон Маск откако стана сопственик на социјалната мрежа

Американскиот милијардер Илон Маск откако официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер го објави и првиот твит „Птицата е ослободена“, напиша Маск.

Тој исто така го смени описот на својот профил во Chief Twit.

По преземањето на компанијата, Маск отпушти неколку директори и најави дополнителни отпуштања. Меѓу отпуштените се извршниот директор на Твитер, Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџај Гејд.

Маск го обвини претходното раководство дека ги довело во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата. Откако го презеде Твитер, Маск објави дека сака да ги победи спам-ботови и јавно да ги стави на располагање алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби. Засега Маск не даде детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата. Твитер ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари во април, но оттогаш има несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.

Scroll to Top