Со танц и песна водителскиот пар Марјана Станојковска и актерот Васил Зафирчев ја отворија Интернационалната вечер на јубилејниот 30 -ти Охрид фест-Охридски трубадури кој се одржа на летната сцена на Долни Сарај во Охрид.
На сцената на интернационалната вечер настапија познатите регионални ѕвезди како и млади таленти кои дебитираа.
Српската пејачка Гоца Тржан отпеа дует, Неда Украден потсети на нејзиниот безвременски хит „Зора је“, а Дадо Топиќ со песната „Македонија“ предизвика емотивна кулминација, публиката стана и пееше со Дадо. Инаку песната Томиќ ја отпеа пред точно половина век.
Дадо Томиќ на јубилејниот 30-ти „Охрид фест“ ја доби наградата за ширење на музиката на Балканот.
Како гостин на фестивалот беше и евовизискиот претставник на Македонија, Васил Гарванлиев кој ја изведе песната „Јовано, Јованке“ во нов аранжман.
Првото место од публиката го освои „Анѓело“, второнаграден беше Емил Фетаховиќ од Црна Гора, додека Бојана Арсовска ја доби третата награда.
Првото место од жирито го освои Давид Миладинов, а исто така доби и награда и за најдобар текст, чиј автор е Ристо Самарџиев. Трета е Мила Николовска – Ѓумар која ја доби наградата од новинарите. Третата награда му припадна на Ален Хрбиниќ, додека наградата од „Сенатор“ ја доби Блаж Маротов.