Пустински манастир во Сирија се отвори за посетители по повеќе од 10 години

Пустински манастир во Сирија повторно се отвори за јавност по повеќе од една деценија војна и изолација.

Во 2010 година над 30.000 луѓе го посетиле манастирот од 7 век – „Свети Мојсеј Етиопјанецот“. Се наоѓа на  пуст карпест рид стотина километри северно од Дамаск. Со почетокот на граѓанската војна во 2011 и исчезнувањето на свештеникот Пауло дал Ољо, манастирот целосно го изолираа. Повторно се отвори за јавност во јуни кога се подобри безбедноста во околните области.

Посетителите мора да искачат 300 скали за да стигнат до камениот манастир. Изграден е врз руините на римска кула и дел од него е врежан во карпа. Има црква од 11 век, украсена со икони, древни мурали и натписи на сириски, арапски и на грчки .

Дал Ољо држел меѓуверски семинари во манастирот, па тука муслиманите и христијаните се молеле едни до други. Бил избркан од Сирија во 2012 затоа што му давал поддршка на масовното антивладино востание. Се вратил по една година, но исчезнал летото 2013 кога одел да се сретне со групата, која подоцна стана позната како Исламска држава.

Денес, во манастирот живеат двајца монаси, една калуѓерка и двајца постуланти, кои сами си произведуваат храна и пијат вода од бунар.

 

Scroll to Top