Путин за време на интервју случајно откри дека неговиот костум чини 8.000 евра

За време на интервјуто со рускиот новинар Павел Зарубин, претседателот на Русија, Владимир Путин, ја кренал раката и случајно ја открил марката на костумот што го носел.

Путин носел скап италијански костум „Бриони“, кој чини повеќе од 8.000 евра, пишува „Дејли мејл“.

Станува збор за скапа италијанска модна куќа за луксузна машка облека, која се наоѓа во Рим.

Цената на неговиот костум неодамна предизвика полемики во јавноста. По повод одбележувањето на годишнината од анексијата на Крим, рускиот претседател Владимир Путин наводно носел скапа јакна вредна еден и пол милион рубли.

Текстот Путин за време на интервју случајно откри дека неговиот костум чини 8.000 евра е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top