Рафаел Надал ќе стане татко

Рафаел Надал и неговата сопруга Франциска Перело наскоро ќе станат родители, пренесоа шпанските медиуми. Иако засега тенисерот се нема огласено, се очекува наскоро и официјално да потврди, пишуваат тие.

Шпанецот пред неколку дена ги почна подготовките за Вимблдон во својата родна Мајорка, но засега нема одлучено дали ќе учествува на претстојниот турнир, поради повредата на стапалото.

За потсетување, тој неодамна по 14 пат го освои Ролан Гарос, но повредата фрли сенка на трофејот особено откако се појавија шпекулации за сериозноста на истата и дека можеби е доведена во прашање неговата кариера.

Што се однесува до претстојниот Вимбелдон, Надал сè уште нема донесено конечна одлука, но се очекува да се појави на престижниот турнир.

 

Scroll to Top