Реал Мадрид го победи Манчестер Сити и ќе игра финале во Лига шампиони

Во интересен натпревар Реал Мадрид успеа да го победи Манчестер Сити со 3:1 и да се пласира во финалето во Лига шампиони. Шпанскиот тим до 90 минута од натпреварот губеше со 1:0. Стрелец за Англичаните беше Ријад Марез во 73 минута од натреварот,

Реал Мадрид се избори за продолженија со двата гола на Бразилецот Родриго во последните моменти од натпреварот. Карим Бензема во првото продолжение од пенал го постигне својот 15. гол во ЛШ оваа сезона, што на крајот беше доволен за финале откако првиот натпревар заврши со 4:3 за Англичаните.

Во Париз, Реал ќе играат со Ливерпул и тоа ќе биде реприза на финалето од Киев во 2018 година, кога шпанскиот тим ја освои својата 13-та титула. За потсетување тимот на Карло Анчелоти, викендов ја прослави својата 35. титула во Шпанија,

Scroll to Top