Реката Колорадо исчезнува и ќе предизвика проблем за американската економија и 40 милиони жители

САД се соочуваат со историска суша, а во заедниците ширум западот на земјата, се борат за да ја сочуваат реката Колорадо, која е клучен извор за вода, од која зависат голем број градови.

Водостојот на реката е опаднат на рекордно ниско ниво, а загрозени се двата најголеми резервоара во САД, езерото Мид и езерото Пауел, а со нив заедно и милион луѓе кои зависат од реката. Колорадо е со должина од 2330 километри и е шестата најголема река во САД.

Извира од подножјето на Стеновите планини во Колорадо и минува низ познатиот Голем кањон и неколку американски држави, пред да се влее во Калифорнискиот залив во Мексико.

Нејзиниот басен се простира на 627.000 квадратни километри, што чини околу 8% од територијата на континентална Америка. Од неа зависат 40 милиони луѓе.

Колорадо снабдува со вода седум американски држави. Горниот басен го чинат Вајоминг, Јута, Ново Мексико и Колорадо, а долниот Аризона, Калифорнија и Невада. 30 премиња на американски Индијанци исто така живеат во оваа област.

Реката се користи за генерирање на хидроелектрична енергија, но и за рекреативни активности. Но, примарно се користи за земјоделство. 70% од залихите доаѓаат од реката Колорадо. Со таа вода се наводнува повеќе од 2 милиони хектари земја.

Најголемиот поединечен корисник на водата од реката Колорадо, во јужниот басен, е богатата земјоделска област, која се наоѓа на југот од Калифорнија. Во прашање е The Imperial Irrigation District, округот за наводнување кој го опслужува долниот Империјал во Калифорнија.

Групата American Rivers, која се залага за чиста вода и здрава река, со седиште во Вашингтон, ја изгласа реката Колорадо за најзагрозена река во САД минатата година.

„Нема доволно вода во Колорадо за да се подмират сите потреби. Сушата влијае на голем дел од басените на реката Колорадо веќе со години, помалкуте снежни дождови, повисоките температури и засиленото испарување доведе до раширена екстремна суша која го загрозува снабдувањето со вода и благосостојбата на реката“, објавија од организацијата.

Додадоа и дека се очекува климатските промени да го намалат протокот на реката меѓу 10 и 30% до 2050 година. Со години американските власти бараат начин да се намали потрошувачката на вода на реката Колорадо за време на сушите. Климатските промени само допринесоа за поголеми проблеми и реката значително го изгуби својо водостој.

Шест од седум држави кои припаѓаат на базенот на реката предложија план за штедење, додека Калифорнија излезе со свој сопствен план. На средината на оваа година се очекува одлука на федерално ниво.

Иако последната зима беше повлажна од претходните, официјалните лица предупредуваат на последиците од идните сушни периоди. Речниот систем допринесува во американската економија со 1,4 билиони долари годишно, а поддржува и 16 милиони работни места во Калифорнија, Аризона, Јута, Колорадо, Ново Мексико и Вајоминг, што е 1/12 од вкупниот БДП во САД.

Најголемиот дел од зеленчукот во земјата се одгледува во Јута и Аризона, а токму ова се земјите за кои се прогнозира дека ќе мораат драстично да ја намалат потрошувачката на вода. Езерото Мид веќе произведува 25% помалку електрична енергија, а тој резервоар наскоро би можел целосно да пресуши.

Доколку не се превземат сериозни чекори, последиците ќе ги почуствуваат и другите индустриски сектори, како производството на полупроводници во Феникс, што е индустрија вредна милијарда долари која вработува десетина илјади луѓе во Аризона.

Без вода во реката Колорадо, бруто државниот производ на Аризона би паднал за повеќе од 185 милијарди долари за година дена, а повеќе од 2 милиони луѓе ќе останат без работа. Истовремено, сметките за струја и вода би се покачиле, а регионот би морал да разгледа да изгради инфраструктура за други извори на енергија како што е сонцето или ветерот.

Најалармантно би било водата повеќе да не може да се испумпува и стигне до домаќинствата и индустријата. Кога е извршена поделба на басените и распределба на водата во различни држави, не се мислело на тоа колку е распределена непропорционално.

Во време кога договорот е направен во 1922 година, имало повеќе вода, а во басенот живееле околу половина милион луѓе. Денес на ова подрачје живеат околу 40 милиони луѓе, а во оваа област се наоѓаат и трите најолеми града кои се ослонуваат на реката, Феникс, Сан Диео и Лос Анџелес.

Експертите проценуваат дека целата одина силните дождови нема да можат да го решат проблемот.

Scroll to Top