Репрезентативната база на Аргентина ќе го носи името на Меси

Новата репрезентативна база на Аргентина која се наоѓа во Буенос Аирес ќе го носи името на Лионел Меси. На церемонијата беа претседателот на федерацијата Клаудио Тапија и поранешни и сегашни репрезентативци од аргентинската репрезентација.

„Ви благодарам за признанието, ова е многу возбудливо. Во оваа база доаѓам 20 години и тоа го правам со задоволство од првиот ден. Многу е убаво да се знае дека базата отсега ќе го носи моето име. Чувството е посебно поради многуте фудбалери кои поминале тука. Поминав низ тешки времиња, но секогаш сум бил среќен кога доаѓав тука. Јас сум еден од оние кои веруваат дека таквото признание треба да им се даде на луѓето додека се живи“, рече Меси.

Scroll to Top