Ресторанот на семејството Јордановски во Чикаго повторно работи, ќерките го исполнија аманетот на мајка си

Семејниот ресторан на брачниот пар Бранко и Јелица Јордановски некогаш бил омиленото место за јадење на многу гурмани оти станале едни најпосакуваните готвачи во Чикаго.

Лани на 84 години Јелица Јордановска почина, а нејзините деца ѝ ветиле дека вратите на семејниот ресторан во Чикаго ќе бидат отворени. Нејзината ќерка , Гордана Јордановска, се вратила од Сан Франциско во Чикаго за да го отвори ресторанот на родителите, откако тој беше затворен заради пандемијата. Таа ја раскажува приказната на нејзините родители за „blockclubchicago.org“.

„Ѝ ветиме на мајка ми дека вратите на ресторанот ќе бидат отворени“, вели Гордана Јордановска И додава : „Таа сакаше да ја задржи заедницата заедно. Овој ресторан е ,дневна соба’ на Линколн Парк“.

Јелица и Бранко Јордановски по потекло се селата  во близина на Маврово. И двајцата знаеле како да живеат од земјоделие и да се грижат за својата фамилија: одгледувале добиток, хеклале облека, печеле леб.

Се запознале на некоја свадба и за кратко време се венчале.

Бранко учел за пекар во Белград, во Србија и со својот брат отвориле пекара во еден помл град.

„Имале доволно пари за сол и за вода. Заедно со брат му делеле исто палто“, раскажува Гордана Јордановска за „blockclubchicago.org“.

По некое време Бранко ги донел сопругата и децата. Но, економската криза и политичките немири во Југославија во 80-тите, како и војните во раните 90-ти довеле семејство да побегне во САД, во Чикаго. Тогаш Бранко добил писмо од братот на Јелица кој го викал да дојде во САД да си ја побара среќата.

„Моите родители оставиле зад себе две веќе познати пекари, домот и нивните семејства за да дојдат во земја каде што не знаеле ни јазик. Биле многу храбри“, раскажува Гордана Јордановска и додава дека во Америка пристигнале со многу малку багаж, само четири кутии.

Парот прво работел во ноќните смени на пекарата во сопственост на братот на Јелица и за пола година заштедиле доволно за да го отворат свој сопствен ресторан во Линколн Парк.

Местото каде што го отвориле ресторанот, претодно било некоја италијанска продавница, а Јордановски самите го реновирале , правејќи го и традиционален со дрвените облоги.

Ресторанот првпат бил отворен во јануари 1976 година, раскажува Гордана Јордановска.

„Започнале да работат со она што можеле сами да го направат, сендвичи. Печеле леб и правеле сендвичи. Користеле пиперки, домати, копар, магдонос, босилек и коприва. Од градината во нивниот двор, го сецкале сопствениот зеленчук, печеле месо и ставале домашен мариниран сос со говедско месо во стилот на Чикаго, вели Јордановска.

Четирите ќерки на Јордановски пораснале играјќи си со празните кутии од говедско месо, пишувајќи ги и домашните задачи зад шанкот.

Тие им помагале на своите родители да примаат нарачки на англиски јазик и работеле 14 часа заедно со нив.

Јордановски ги ценеле своите вработени, па им ја  делеле храната од кујната на персоналот, кој понекогаш си заминувал доцна навечер. Во меѓувреме биле домаќини на многу фудбалски екипи од Југославија, играорни групи, а подготвувале и традиционални манџи и чорби, какви што се грав, гулаш и супи, уверувајќи ги и жителите на Чикаго да пробаат од јадењето.

Ресторанот го затвориле во март 2020 година – а во меѓувреме семејството ја загубила и мајката Јелица.

„Мајка ми доаѓаше овде и многу се нервираше да гогледа ресторанот во мрак“, се потсетува Гордана Јордановска. „Таа не разбра зошто моравме да го затвориме“.

Гордана Јордановска  лани успеа да обезбеди средства за ресторанот, повторно поврзувајќи се со добавувачите на храна и реновирајќи, сето тоа балансирајќи го со нејзиниот бизнис, архитектонското студио во Сан Франциско.

 

 

 

 

Оставете коментар
Your email address will not be published. Required fields are marked *

Коментар:

Име: *

Email: *

Website:

Save my name, email, and website in this browser for the next time I comment.

Time limit is exhausted. Please reload the CAPTCHA.
− five = 1

 

ВЕСТИ ОД КАТЕГОРИЈАТА
Колку пари им требаат на луѓето за да бидат среќни?
Колку пари им требаат на луѓето за да бидат среќни?
Научниците конечно го пронајдоа одговорот на едно од најголемите животни прашања: „Дали парите можат да купат среќа? Најновото истражување потврди…

Повеќе →

78 години во брак: Во ова село живеат најмногу стогодишници на планетата, еве ја нивната тајна
78 години во брак: Во ова село живеат најмногу стогодишници на планетата, еве ја нивната тајна
За да најдат одговор на оваа појава, тие сакаат да анализираат 13.000 примероци на ДНК од провинцијата Oljastra, каде се…

Повеќе →

Од Blur до биг-бит и понатаму!
Од Blur до биг-бит и понатаму!
Вклучувајќи ги Френки Наклс, Гери Халивел и Goldie, новата книга на фотографката Сула Петру, со наслов „Патувањето на еден музички…

Повеќе →

Повредени кучиња при третман кај необучени грумери, нема контрола на груминг салоните
Повредени кучиња при третман кај необучени грумери, нема контрола на груминг салоните
Рани по кожата, исечени уши, крварење од ноктите, габични и бактериски инфекции од нестерилни машинки, повреди на тапанчето во увото…

Повеќе →

Ресторанот на семејството Јордановски во Чикаго повторно работи, ќерките си го исполнија ветувањето дадено на мајката: Вратите да бидат отворени
Ресторанот на семејството Јордановски во Чикаго повторно работи, ќерките си го исполнија ветувањето дадено на мајката: Вратите да бидат отворени
Семејниот ресторан на брачниот пар Бранко и Јелица Јордановски бил омиленото место за јадење на многу гурмани, откако побегнале од…

Повеќе →

WhatsApp овозможи да се користи истата сметка на повеќе уреди
WhatsApp овозможи да се користи истата сметка на повеќе уреди
WhatsApp воведе нова функција која ќе им овозможи на корисниците пристап до истата сметка на повеќе уреди. На корисниците ќе…

Повеќе →

 

МАГАЗИН
Колку пари им требаат на луѓето за да бидат среќни?
Научниците конечно го пронајдоа одговорот на едно…

78 години во брак: Во ова село живеат најмногу стогодишници на планетата, еве ја нивната тајна
За да најдат одговор на оваа појава, тие сакаат да анализираат…

СПОРТ
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино: Денес се чувствувам геј
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави „денес се…

Катар изнајми навивачи за Мундијалот, за 10 долари навива за кого сакате !!!
Скандал кои веројатно не би се случувало во ниту една друга земја…

 

ВИДЕА
(ВИДЕО) Ова е најплатениот и најполуларен „јутјубер“ во светот: Еве колку пари заработува
Џими Доналдсон, попознат како „MrBeast“, официјално стана…

(ВИДЕО) Нарко дилерите нашле нов начин на пренесување илегални супстанци преку граница
Дилерите ширум светот секојдневно смислуваат нови начини за…

 

Scroll to Top