Џиновскиот розов дијамант „Фортјун пинк“ продаден е за 28,3 милиони долари. Дијамантот тежи 18,18 карати.
Аукцијата на дијамантот траела само четири минути, а купувачот сакал да остане анонимен. Дијамантот бил изложен во Женева, потоа во Њујорк, Шангај, Тајван и Сингапур, а во октомври бил вратен во Швајцарија. Проценките велат дека ќе се продава за 25 до 35 милиони долари, што е приближно исто како во евра.
Розовите дијаманти се многу ретки и затоа се најбарани на меѓународниот пазар.
Светскиот рекорд за розов дијамант е постигнат во 2017 година со продажбата на дијамантот „CTF Pink Star“ во Хонгконг за 71,2 милиони долари или 78,8 милиони евра.