Реткиот розов дијамант продаден е за 28,3 милиони долари

Џиновскиот розов дијамант „Фортјун пинк“  продаден е за 28,3 милиони долари. Дијамантот тежи 18,18 карати.

Аукцијата на дијамантот траела само четири минути, а купувачот сакал да остане анонимен. Дијамантот бил изложен во Женева, потоа во Њујорк, Шангај, Тајван и Сингапур, а во октомври бил вратен во Швајцарија. Проценките велат дека ќе се продава за 25 до 35 милиони долари, што е приближно исто како во евра.

Розовите дијаманти се многу ретки и затоа се најбарани на меѓународниот пазар.

Светскиот рекорд за розов дијамант е постигнат во 2017 година со продажбата на дијамантот „CTF Pink Star“ во Хонгконг за 71,2 милиони долари или 78,8 милиони евра.

Scroll to Top