Ристо Бомбата заработил 82.000 евра за песни кои никој не му ги знае, естрадата реагира дека ова е организиран криминал

На социјалните мрежи се споделува статус на извесен Михајло Богдановски, во кој објави дека Кристијан Габроски изминатите 10 години е најслушаниот и најплатениот автор во земјава, како резултат на авторски права на песни.

Ваквиот статус на Богдановски го споделуваат познатите музичари, но и коментираат.

„И до 82.000 евра годишно за авторски права на песни“, вака Богдановски го почнува текстот, и продолжува: За последните 10 години околу 50.000 евра во свој џеб од парите кои се за неговите колеги автори. Пари кои често ги плаќаат сите корисници на музика кон ЗАМП. Наспроти ова, еминентни автори земаат од 500 евра, до 5000 евра за најеминентните“, стои во статусот.

Во текстот тој додава дека неодамна пред него биле споделени и најпопуларните и најплатените песни во Македонија.

„Беа прочитани насловите, па среќа снимив за да можам сега да ви пренесам. Кога беа прочитани ни рекоа дека сигурно веќе ни се познати и рефрените ни свират во глава, па мислам дека и вас ќе ви звучат при самото читање на насловите“, пишувајќи го ова Богдановски во иронична смисла, бидејќи насловите ниту еден не е познат на јавноста, освен авторот на 13-те композиции, а тоа Кристијан Габроски.

Тој објаснува дека во МРТВ некој од песните се неколкупати пуштени, но вели никој нема супервизија што пуштаат уредниците.

„Генерално, местени плејлисти и тоа не кои било, туку овие според кои се делат најголемите пари (20-40 милиони денари), а според кои се делат и другите пари кои се наплаќаат како паушали низ цела Македонија“, пишува во статусот на Богдановски и додава дека за одредени ликови не е доволно списоците да ги местат, туку и да ги пријавуваат песните дека им траат и 10-30 минути како би зеле плус неколкукратно повеќе од веќе нереалните.

Како што тврди Богдановски оваа година наслушнал дека имало промени во правилникот за распределба, поради манипулации, па Ристо Бомбата зел над 40.000 евра. Па поради тоа поткренал и судски спор до Уставен суд.

„Пречесните судии ја прифатиле неговата иницијатива и одлучиле да биде обесштетен“, пишува во статусот на Богдановски.

На статусот на Богдановски реагираше и познатиот автор Љупчо Трајковски Фис.

„Срамота. Па добро може ли да се стави крај на ова? До толку да е земјава корумпирана? – Мора нешто да се преземе. Навистина ли се немоќни во ЗАМП ова да го средат?-Каков криминал без да се процесира и казни, којзнае кој се не е инволвиран во ова“, напиша Фис.

„Па браво. Хит до Хит. Барем знаеме дека имало пари во ЗАМП, е сега кој како си се договорил со радијата понатаму така ќе жнее“, напиша Панчо.

„Ристо Бомбата направил салата. Догодина кога ќе ми збрчи една влашка песна, тие стварно траат по 12 минути, башка Влаинка сум, башка ќе ја пријавам на 1:45, вин-вин“, напиша Миа Костова.

„Дно, дна“, напиша Огнен Здравковски.

„Не е смешно, ама ама, леле џабе што и да пише човек“, коментираше Дј Матс.

„Жална Македонијо моја“, напиша Игор Џамбазов.

„Доколку наводите на долунапишаното се точни, тогаш тоа значи дека моралот, етиката и критериумите во нашата професија во оваа наша држава заземале димензии на организиран криминал за кој сериозно треба да се ангажираат надлежните институции. Срамно и жално“, напишаа Пере од Нокаут.

„Па ако ова е реално вака, ондак стварно да се утепаме“, напиша Сара Мејс.

Scroll to Top