Роџер Федерер изгубил 200 милиони долари на берза

Роџер Федерер изгубил околу 200 милиони долари на берза, пренесоа швајцарските медиуми. Тенисерот парите ги изгубил вложувајќи во компанијата за спортска опрема „Он“, чии вредност на акциите паднале од 39,95, на 17,37.

„Засега не е познато колку акции Роџер има во оваа компанија, но претходно се шпекулираше дека станува збор за околу 3%. Тоа значи дека поради нивниот пад, тој изгубил околу 200 милиони долари“, пренесоа швајцарските медиуми.

Порталот Switzerland times ги објасни причините за ваквата ситуација и објасни дека работите можат брзо да се променат.

„Постојат многу причини за падот. Војната во Украина, пандемијата со коронавирусот, сето тоа има големо влијание и на пазарот. Со тоа треба да се нагласи дека берзата е непредвидлива и дека со скокот на акциите во краток временски период, сето ова може да се надомести, па дури и експресно да заработи уште повеќе“, е напишано во текстот.

Седиштето на компанијата „Он“ се наоѓа во Цирих и засега нема многу информации околу уделот на Федерер ниту, пак, за неговите понатамошни планови. Медиумите пренесоа само дека Федерер веќе почнал да размислува за животот по тенисот и дека ова е еден од бизнисите на кој му се посветил.

 

 

Scroll to Top