Романтика на Попова Шапка, младенци се венчаа на 1500 метри надморска височина

Двајца младенци се венчаа вчера на Попова Шапка. Со скии на нозете, но во невестински фустан и црно сако ги разменија заветите на висина поголема од 1500 метри надморска височина. Сонцето и убавото време им ја направија церемонијата уште поубава.

Станува збор за Ивана Бојческа Синиша Симјаноски, двајцата од Тетово Ивана е програмер и основач на на мал бизнис за уметнички дела, а Синиша е вработен во МВР. Пред да се венчаат тие биле 5 години врска. Пред свадбата тие си направија фотосесија на жичница во Попова Шапка. Двојката се запознале на скијање, така и започнала нивната љубов, па одтука и идејата за фотосесијата да биде на Попова Шапка.

Фотографиите ги објави Ѓорѓе Камов кој напиша: „Попова Шапка студена, Попова Шапка снежна, Попова Шапка романтична. Кога љубовта кон активниот туризмот и кон својата партнерка или партнер ќе се спојат. Среќни сме што имаме вакви луѓе во Македонија“.

(Љ.В.)

Фото: RED Central Production

Scroll to Top