Роналдо ги изгуби нервите, турна маж од противничкиот тим кој сакаше да се слика по натпреварот

Кристијано Роналдо ги изгуби нервите на последниот натпревар во Саудиска Арабија меѓу неговиот тим Ал Наср и Ал Килеи. Натпреварот заврши 1:1, а Португалецот беше нервозен затоа што не даде гол.

Откако еден од членовите во штабот на противничкиот тим сакаше да фотографира со него, фудбалерот го оттурна од себе. Роналдо играше на целиот натпревар, но не даде гол и остана на само 12 погодци во првенството. Неговиот тим Ал Наср победи на само два од последните пет натпревари.

Покрај овој нерешен резултат, има уште едно реми и еден пораз. Во моментов Ал Наср е втор на табелата со 57 бодови, дури пет помалку од првопласираниот тим Ал Итихад. Роналдо во Саудиска Арабија потпиша двегодишен договор, а наскоро во првенството би требало да му се придружи и Лионел Меси.

Scroll to Top